Средба на Џафери со членовите на делегацијата на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Холандија

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со членовите на Делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија, Хаjке Велдман и Анe Мулдер.

-Упатувајќи благодарност до Холандија за поддржувањето на политиката на проширување на ЕУ и заложбите Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, како и за континуираната поддршка за зачленувањето на државата во НАТО, претседателoт Џафери го оцени интензивирањето на директните контакти меѓу пратениците како најдобра можност за изворно запознавање со состојбите и размена на искуства, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Тој истакнал дека, недонесувањето на едногласна одлука на Европскиот совет за започнување преговори било големо разочарување и резултирало со одлука на политичките лидери во државата да ги повикаат граѓаните на предвремени парламентарни избори на 12 април, изразувајќи уверување дека тие ќе се одржат во фер, транспарентна и демократска атмосфера, во согласност со меѓународните стандарди.

Џафери ја поздравил новата методологија на процесот на проширувањето, изразувајќи надеж дека модификациите засновани на принципите на кредибилитет, поголемо политичко управување со процесот, предвидливост и динамичност на задоволителен начин ќе одговорат на барањата на сите земји-членки за поефикасен процес на преговори.

Претседателот на Постојаната комисија за европски прашања во Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Хајке Велдман и известителот на Комисијата за Западен Балкан, Ане Мулдер ја оцениле како многу корисна и оваа втора нивна посета на земјата по првата во мај минатата година, бидејќи им овозможува директно да се запознаат со напредокот на земјата во реформскиот процес.

Потенцирајќи ја важноста на доследната имплементација на законите по нивното донесување, холандските пратеници изразија интерес за доставувањето на Законот за јавно обвинителство од страна на Владата на Република Северна Македонија и постапката за донесување на Законот пред донесувањето на одлука за распуштање на Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието