Средба на Џафери со амбасадорот Рамеш

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија Мирослав Рамеш, кој му врачи лична честитка и честитки од претседателите на Долниот дом на Парламентот и на Сенатот на Чешката Република за изборот на функцијата претседател на Собранието, соопшти собраниската прес-служба.

Амбасадорот ја подвлекол натамошната подготвеност на Чешката Република да помага на Република Македонија со конкретна материјална и човечка помош во справувањето со мигрантската криза, бидејќи, како што посочил, Република Македонија ги брани границите за Чешката Република, но и за цела Европа од напливите на мигранти.

-Постои стравување од ескалација на мигрантскиот бран од Африка, и заради тоа Чешка, заедно со останатите држави од Вишеградската група, и понатаму силно ќе ја поддржува Република Македонија со конкретна финансиска и материјална помош и со припадници на полициски сили распоредени на јужната граница, истакнал амбасадорот Рамеш.

Истакнал и дека Чешката Република и во иднина силно ќе ја поддржува Република Македонија на планот на нејзината конечна интеграција во Европската унија и НАТО.

Џафери го информирал амбасадорот за тековните активности во Собранието бидејќи, како што нагласил „само со затворање на отворените прашања и посветено решавање на проблемите можеме неоптоварени да продолжиме напред во овие процеси, бидејќи тоа го посакуваат и очекуваат преку 70 проценти од граѓаните на Република Македонија.

Соговорниците констатирале дека Република Македонија и Чешката Република во континуитет остваруваат солидна билатерална соработка на сите нивоа и изразиле уверувања дека соработката ќе продолжи и во иднина, по одржувањето на парламентарните избори во Чешка во октомври оваа година.

Изразувајќи поддршка за продолжување на натамошна поблиска меѓупарламентарна соработка, како на ниво на претседатели на парламенти така и на ниво на пратенички групи за соработка, соговорниците се согласиле дека воспоставените пријателски односи треба да се негуваат со силна посветеност и меѓусебна доверба.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции