Средба на државниот секретар Виктор Димовски со Милослав Сташек, државен секретар во МНР на Република Чешка

Од:

Вчера во посета на Република Северна Македонија престојуваше државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Милослав Сташек, кој оствари средба со својот домаќин, државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

За време на средбата, државните секретари Димовски и Сташек ги потенцираа одличните билатерални односи кои во континуитет ги негуваат двете пријателски земји.

Се согласија дека во прилог на таквата констатација оди и динамичниот политички дијалог, како и редовните посети на највисоките функционери на двете земји, кои особено добија на интензитет во последните неколку години.

Соговорниците се осврнаа и на можностите за продлабочување на заедничката соработка во делот на евроинтегративните процеси, како и за зајакнување на соработката помеѓу Министерствата за надворешни работи и Дипломатските академии на двете земји, што е дефинирано и со постоечкиот Меморандум за соработка на двете МНР, потпишан во месец март оваа година.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија