Средба на државниот секретар Димовски со кувајтскиот амбасадор Алатеки

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, денеска имаше средба со амбасадорот на Државата Кувајт во Република Македонија, со седиште во Софија, Јакуб Алатеки, на која двајцата изразиле задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји, нагласувајќи ја подготвеноста за нејзино натамошно продлабочување и унапредување на билатерален и на мултилатерален план.

Како што соопшти МНР, заемно бил потенциран интересот за натамошно проширување на економската соработка, зголемување на трговската размена и воспоставување директни контакти меѓу стопанските субјекти на двете земји.

На средбата исто така, биле разменети и мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија