Средба на Димитров со претседавачот на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба со амбасадорот Жорж Сантер, претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА.

Димитров, како што соопшти МНР, изрази задоволство што, по прв пат, еден актуелен претседавач со ИХРА и висок претставник на Постојаната канцеларија на ИХРА од Берлин, присуствуваат на комеморативните настани по повод одбележувањето на 11 март – денот на депортација на македонските Евреи.

Министерот истакна дека оваа посета претставува не само израз на почитување кон жртвите на Холокаустот, туку еден вид и признание на нашите активности и конкретни мерки кои Владата на Република Северна Македонија ги презема на планот на негувањето на споменот кон нашите сограѓани Евреи кои ги загубија нивните животи во логорот на смртта Треблинка.

Шефот на дипломатијата го запозна соговорникот со активностите кои државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието на Холокаустот, борбата против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, борбата против антисемитизмот, дискриминацијата по многу основи, говорот на омраза и другите форми на кршење на човековите права.

Димитров на средбата ја подвлече цврстата определба, посебно на Министерството за надворешни работи, за продолжување на ангажманот во насока на интензивирање и збогатување на активностите на сите полиња поврзани со Холокаустот.

Амбасадорот Сантер подвлече дека ИХРА високо ги цени мерките кои државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието на Холокаустот, особено преку усвојувањето на работната дефиниција за антисемитизмот на ИХРА, со што беа испочитувани препораките на ИХРА и на Европскиот парламент.

Минатогодишното заедничко одбележување со Бугарија и оддавање почит пред споменикот на жртвите на Холокаустот во Скопје, покрај придонесот во зацврстувањето на добрососедските односи, испраќа и силна порака за определбите на двете влади во однос на сеќавањето и почитта кон жртвите на Холокаустот. Во оваа насока, истакна дека земјата поседува одлично досие кое заслужува да биде претставено пред земјите членки на ИХРА и изрази надеж дека Северна Македонија наскоро ќе поднесе кандидатура за стекнување полноправно членство во ИХРА.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија