Средба на Димитров со амбасадорот на Соединетите Мексикански Држави, Марко Антонио Гарсија Бланко

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го примил амбасадорот на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко.

На средбата, како што соопшти МНР, се разговарало за досегашниот развој на билатералниот политички дијалог и за одличната соработка во мултилатералната сфера. Биле разгледани и можностите и иницијативите за конкретна соработка и за интензивирање на односите во претстојниот период, особено во доменот на економијата и трговската размена, културата, дипломатската едукација, како и во други области од заемен интерес. Исто така бил потврден взаемниот интерес за унапредување на договорната рамка и за либерализација на визниот режим од мексиканската страна кон државјаните на нашата држава.

На средбата, министерот Димитров ги примил патентните писма за именување на Енвер Малики за почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија