Средба на Димитриев со словенечкиот министер за економски развој

Од:

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле поздравени одличните политички односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно почитување и соработка.

Изразено е задоволство од трендот на раст на билатералната економска соработка и трговската размена меѓу државите.

Премиерот Димитриев истакнал дека Владата има силен фокус кон реализацијата на економските политики и реформите кои резултираат со намалување на невработеноста и обезбедувањето на економскиот раст. Притоа, нагласил дека Република Македонија има силен интерес за дополнително продлабочување на економската соработка со Република Словенија.

На средбата станало збор и за можноста за унапредување на соработката на полето на странските инвестиции, при што бил потенциран фактот дека добрата бизнис клима која ја нуди Македонија е шанса за влез на нови и проширување на капацитетите на постојните словенечки инвестиции во земјата, за што се разгледуваат повеќе опции.
Соговорниците разговарале и за можностите за унапредување на соработката во областа на туризмот при што словенечкиот министер истакнал дека постои потенцијал за дополнително зголемување на бројот на словенечки туристи во Република Македонија, за што во следниот период би продолжиле консултациите за конкретни проекти на соработка за да се реализира оваа цел.
Разгледани се и опциите за спроведување проекти во енергетиката за што, како што се наведува, веќе постои дијалог на ниво на министерствата од двете земји.
Соговорниците ја истакнале потребата од интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО и изразиле силна заложба за ангажман за дополнително унапредување на соработката меѓу двете земји во сите сфери од взаемен интерес.

Би можело да ве интересира

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on