Средба на амбасадорот Волерс со скопскиот градоначалник Трајановски

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска се сретна со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Пол Волерс.

На средбата стана збор за продлабочување на соработката меѓу двете земји на неколку нивоа. Амбасадорот Волерс воедно му честиташе на Трајановски за повторниот избор на градоначалничката функција.

Соработката меѓу градовите Скопје и Темпи, Аризона, е воспоставена на иницијатива на градот Темпи. Во јули 1971-та година, во Темпи е извршено збратимувањето кога делегација на Град Скопје го посети овој град по повод Годишната конференција на збратимени градови со САД. Од 1972-та секоја година во летниот период, успешно се одвива реципрочната размена на средношколци од двата града. Град Скопје, од 2001 година е збратимен и со градот Питсбург.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан