Средба Мицкоски-Стирк: Изборниот процес треба да помине во фер и демократска атмосфера

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со Џилиан Стирк, шефица на мисијата за набљудување на претстојните избори на ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Мицкоски изрази очекување дека изборниот процес ќе помине во фер и демократски атмосфера.

Мицкоски ги информираше претставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека постои сомнеж оти постои потенцијална можност за злоупотреби во тек на изборниот процес од страна на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски на средбата со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ја истакна потребата од одржување на изборите, претседателски и парламентарни во мирна атмосфера.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар