Средба на Заев со словенечкиот амбасадор Раковец

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Словенија во Р.Македонија, Бранко Раковец.

Тема на состанокот беа шансите за продолжување на разговорите од Брисел и можностите за решавање на политичката криза во Македонија низ дијалог.

Пренесена е загриженост за длабоката политичка и државна криза во Македонија, на којашто почнува да се гледа како на голем ризик за земјата и регионот.

-СДСМ е ориентирана кон изнаоѓање решение по мирен пат и утврдува чекори што ќе бидат импут во таа насока. Она што е неоходно е Владата што треба да ги организира следните избори во Македонија да не ја води креаторот на кризата и да се утврдат контролни механизми што ќе спречат натамошни злоупотреби и криминални активности во предизборни цели, рече претседателот Заев, кој изрази надеж дека и другата страна во разговорите ја сфаќа сериозноста на ситуацијата и ќе се постави соодветно на неа.

Претседателот на СДСМ објасни дека преодната Влада отвора можности за справување со сите нотирани критични области во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и ЕК, како што се разделувањето држава – партија, независни институции, ослободено судство и медиуми од контролата на власта, што ќе биде и значаен исчекор во европските перспективи.

-Опозицијата веќе разгледува алтернативни демократски механизми што ќе ги употреби кон целта – слободна и демократска Македонија, доколку во следните 10-тина дена нема разговори и договор за начинот на разврска на кризата, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната средба со амбасадорот на Р.Словенија во Р.Македонија, Бранко Раковец.

Би можело да ве интересира

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он