Средба меѓу директорите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и СОС Детско село

Од:

Во услови на рестрикции и ограничувања како резултат на спречување на ширење на корона вирусот, Ковид – 19, сите активности беа спроведени преку онлајн комуникација и координација, а во текот на вчерашниот ден на покана на СОС Детско село, се одржа средба меѓу генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски и Националниот директор на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, придружувани од претставници на координативните тела на двете институции, информираат од јавното претпријатие.

На средбата, додаваат, обете страни го искажаа задоволството од успешно реализираните благородни активности и истовремено беа дискутирани и планови за отпочнување и реализација на нови активности и продолжување на соработката.

По потпишување на Меморандумот за соработка во март оваа година, ЈП Водовод и канализација – Скопје пристапи кон спроведување на активности и проекти со кои ја поддржа иницијативата на СОС Детско село, „Стани СОС пријател”, донаторската кампања за индивидуално донаторство „Ниту едно дете не треба да расте само“, како и други активности кои се во знак на поддршка и ширење на мисијата на СОС Детско село.

-Ние сме почестени, среќни и навистина горди што безусловно пристапивме кон отпочнување на соработка со СОС Детско село и поддршка на нивната мисија, која сега е веќе и наша, а тоа е поддршка на деца и младинци без родители и без родителска грижа згрижени во СОС Детско село. Како прво јавно претпријатие кое стана дел од СОС семејството, ги повикуваме сите други општествено одговорни компании и индивидуалци да го следат нашиот пример, истакнал Весковски на вчерашната средба.

Упатуваме повик, нагласил, секој од нас да стане суперхерој и да донира на линкот https://sos.org.mk/sos-superheroi  

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он