Средба меѓу Димитров и израелскиот министер за Ерусалим и за заштита на животната средина Зеев Елкин

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за Ерусалим и за заштита на животната средина на државата Израел Зеев Елкин, кој престојува во Република Северна Македонија по повод одбележувањето на 76 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.

Министерот Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата го потенцирал значењето што Република Северна Македонија го придава на културата на сеќавање и изучување на Холокаустот, укажувајќи дека наша обврска е да го чуваме споменот на Холокаустот и да се бориме против обидите за негово негирање и релативизирање, како и против антисемитизмот и сите останати облици на расизам и нетолеранција.

Министерот Елкин, се вели во соопштението, истакнал дека Израел високо ги вреднува придонесот и активностите на Република Северна Македонија во чувањето на споменот и изучувањето на Холокаустот и изрази задоволство што има можност и лично да се увери во посветеноста на нашата земја на овој план.

Димитров и Елкин изразиле задоволство од развојот на пријателските односи меѓу двете земји, при што ја нагласиле неопходноста од натамошен фокус врз економијата, туризмот и соработката во доменот на високите технологии.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија