Средба меѓу ДИК и Централната изборна комисија на Косово

Од:

Делегација на Централната изборна комисија на Косово, кои ќе ги следат претседателските и предвремените парламентарни избори во Македонија денеска ја посети Државната изборна комисија на Република Македонија.

– Разменивме мислења и споделивме искуствата за изборните правила во Македонија, како и во регионот. Централната изборна комисија на Косово не информира за реформите во нивните изборни правила, изјави по средбата Субхи Јакупи, член на Државната изборна комисија.

Тој информира дека претседателката и шест члена на Централната изборна комисија на Косово и техничкиот персонал имаат право да набљудуваат во сите избирачки места и во сите Општински изборни комисии. Тие со себе ќе имаат материјал за помош при набљудувањето и беџови, издадени од ДИК.

Претседателката на Централната изборна комисија на Косово Валдете Дака истакна дека се информирале за целокупната организација за утрешните избори во Македонија.

Таа изрази надеж дека ќе имаат добри искуства кои ќе ги пренесат во нивната држава и оти во Македонија ќе се спроведат фер и демократски избори.

На новинарско прашање за гласањето на дијаспората, Јакупи рече дека сите избирачки места се отворени на време.

– Повеќе избирачи имаме пријавено во Берн, Венеција и Виена, каде добро се одвива гласањето, рече Јакупи.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас