Средба Груевски – Бејли

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во седиштето на партијата имаше средба со амбасадорот на САД Џес Бејли.

По средбата амбасадорот Бејли не соопшти детали за средбата само изјави дека САД останува партнер на Република Македонија и најави дека ќе оствари средби и со останатите лидери на политичките партии кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори.

– Имав средба со господинот Груевски. Ја ценам оваа можност да ги слушнам неговите ставови за изборите и за тоа што следува. САД е партнер на оваа земја. Ќе имам средби и со другите лидери на партиите кои освоија мандати на овие избори, изјави американскиот амбасадор Бејли по средбата.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември