Средба Груевски-Алиев: Поздравени одличните пријателски односи со Азербејџан

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во Баку имаше прва официјална средба со претседателот на Република Азербејџан Илхам Алиев, на која ги поздравиле одличните пријателски односи меѓу двете земји на секое ниво и искажале подготвеност за нивно дополнително интензивирање.

Прес-службата на Владата на РМ информира дека од премиерот Груевски посебно била нагласена потребата за продлабочување на економската соработка поради фактот што Азербејџан е една од најбрзорастечките економии во каспискиот регион, чиј раст се движеше од околу 20 отсто и продолжи дури и во период на светската криза и во моментов е околу 7 отсто.

Соговорниците разговарале за можностите за унапредување на соработката, особено во енергетската сфера која е од исклучително значење за Азербејџан и е важен фактор во каспискиот регион. Во врска со тоа, Груевски бил информиран за крупните проекти од глобално значење кои ги развива Азербејџан,м како што се ТАБ и НАБУКО.

– Претседателот на Владата истакна дека Република Македонија придава високо значење на развојот на економските односи со Азербејџан, кој според својата геостратешка позиција претставува неодминлив центар за промоција на стопанските потенцијали на Република Македонија во тој дел на светот, особено земајќи ги предвид природните ресурси, како што се, нафта и земен гас, минерали, метали, стои во соопштението на Владата.

Премиерот Груевски истакнал дека во Македонија се добредојдени азербејџанските инвеститори кои се заинтересирани за зголемување и проширување на инвестициските можности.

Тој го запознал својот соговорник за реформите кои се спроведуваат во нашата земја во сферата на економијата, како што се олеснувањето и намалувањето на даноците, воведувањето на единствена стапка од само 10 отсто на персоналниот данок на доход и данок на добивка, ослободување од оданочување на задржаната добивка, намалувањето на даночните и административни бариери кои Република Македонија ја прават атрактивна за инвестирање и потенцијална бизнис-дестинација за многу заинтересирани инвеститори.

– Премиерот Груевски го посочи напредокот нотиран од угледниот Дуинг бизнис извештај на Светска банка, каде што веќе неколку години по ред Република Македонија бележи континуиран напредок.  Ваквиот напредок беше поздравен и позитивно оценет од претседателот на Азербејџан Алиев кој посочи дека македонските компании се добредојдени да остваруваат плодна соработка и да ги развиваат економските односи со азербејџанската бизнис-заедница, афирмирајќи ја азербејџанската заложба и поддршката во напорите за инвестициски развој на Република Македонија, информира владината прес-служба.

Соговорниците разговарале и за состојбите во економијата на поширокиот регион, начините за надминување на актуелните економски предизвици и нивните ефекти, како и за можностите и механизмите за нивното надминување и обезбедување услови за економски раст и развој.

– Премиерот Груевски изрази задоволство од добиената поддршка со надеж дека во иднина ќе следи дополнително продлабочување и интензивирање на политичко-економските односи, истовремено упатувајќи покана за официјална посета до претседателот на Република Азербејџан Илхам Алиев, соопшти прес-службата на Владата за првата официјална посета на премиерот Груевски на Азербејџан.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он