Средба Џафери – Тицињски: Полска е против условувања на Северна Македонија во преговорите за членство во ЕУ

Од:

Полска целосно ја поддржува Република Северна Македонија во процесот на интеграцијата во Европската унија и е против секакви условувања на земјава во текот на преговорите за членство, изјави денеска полскиот амбасадор во земјава Војциех Тицињски на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Како што соопшти прес-службата на Собранието, амбасадорот Тицињски, честитајќи му го реизборот на Џафери, му врачи и писмо со честитки од претседателот на полскиот Сенат, Томас Гродски и примерок од усвоената сенатска Резолуција во однос на ситуацијата во Белорусија. Тицињски притоа нагласи дека Полската амбасада работи во полза на добрите билатерални односи меѓу Скопје и Варшава.

Џафери, од своја страна, се заблагодари за континуираната поддршка што Полска и ја дава на нашата држава и ја наведе Вишеградската група како пример на соработка меѓу соседите, потенцирајќи дека искуствата од таа соработка добредојдени.

– Џафери рече дека Република Северна Македонија ја цени помошта на Република Полска во справувањето со мигрантската криза на нашата јужна граница и со задоволство го прифати барањето на амбасадорот Тицињски изложбата по повод 30-годишнината од постоењето на Вишеградската група, да се одржи во просториите на Собранието на Република Северна Македонија во текот на месец февруари идната година, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба