Средба Димитриевски-Винтон за проектот за доуредување на коритото на Липковка

Од:

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и постојниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, денеска остварија средба на која разговараа за досегашните и идните проекти кои ќе се реализираат во Куманово.

Димитриевски и Винтон разговараа и за тековниот проект уредување на коритото на Липковка.

– Проектот за доуредување на речното корито на реката во моментот е во изведба првата траса која е во должина од 400 метри. Во иднина ќе продолжиме со втората и третата фаза каде најголем дел е урбаниот дел од речното корито, тргнувајќи од автопатот, завршувајќи на точката во влезот на населбата Средорек каде ќе биде уреден текот на реката, рече Димитриевски.

Според него, со ова решение ќе се надминат сите досегашни проблеми и во делот на излевање на реката од речното корито во дождливите периоди и дополнително уредување и зазеленување на оваа подрачје.

Тој се заблагодари за посетата на меѓународниот претставник која е прва за него од назначуавњето за градоначалник. Постојниот претставник на УНДП Луиза Винтон, изрази задоволство од посетата и потсети дека таа е почесен граѓанин на општината.

– Драго ни е што продолжува нашта соработа за завршување на проектот за заштита од поплави Липковска река, но тоа е само еден проект, денеска сме тука да поразговараме за други проекти и продолжување на нашта соработка, додаде Винтон.

Димитар Сековски од УНДП појасни дека во овој период, проектот за доуредување на коритото на Липковка, се одвива со забавено темпо, бидејќи има критична делница која бара нови решенија кои моментно се тестираат.

– Се надеваме до почетокот на следната недела ќе имаме консензус помеѓу инженерите кои работат на овој доста комплексен проблем, по што градежните фирми ќе добијат дозвола да продолжат со својата работа. Подобро да работиме внимателно, бидејќи каква било грешка значи зголемување на ризикот од поплави во оваа населено место, а имотот и земјиштето околу него се скапи, па ќе се обидеме да ги спречиме сите идни поплави, изјави Сековски.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад