Средба Димитриев – Жбогар

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска имаше средба со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Самуел Жбогар, на која беа поздравени позитивните односи помеѓу Македонија и ЕУ и истакната обострана посветеност за нивно унапредување во секоја сфера од заемен интерес, соопшти владината прес-служба.

– Беше потенцирана стратешката определба за членство на Република Македонија во Европската Унија, при што соговорниците ја афирмираа заложбата за продолжување на заедничката соработка која е од значење за реализација на европските интеграции на нашата земја, стои во соопштението.

Премиерот за спроведување на изборите Димитриев изрази благодарност за соработката со ЕУ во реализацијата на реформите кои се значајни за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, се посочува во соопштението. Тој ја истакна и посветеноста на Владата за спроведување на фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за политичката криза. Од негова страна беше акцентирана и посветеноста на Владата за реализација на програмата и проектите кои имаат реална корист за сите граѓани.

Шефот на Делегацијата Жбогар истакна дека ЕУ и понатаму ќе продолжи да дава поддршка во реализацијата на реформите во Македонија. Двете страни, се наведува во соопштението, ја изразија и значајноста на спроведувањето на акцискиот план на Владата за реформи за европска интеграција на земјата.

На средбата е разговарано и за повеќе други теми од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски