Билт по средбата со Ахмети: Немам време за Иванов, разговарам со главните играчи

Од:

Копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи Карл Билт по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети, повтори дека “демократијата, Уставот и Европа тоа се моите принципи што ме водат и сметам дека и нивното почитување тука ќе ја води Македонија напред“.

Во однос на најавата од кабинетот на Ѓорге Иванов дека нема да се сретне со него Билт изјави дека чул за тоа, но оти претходно не знаел.

– Среќен сум поради тоа бидејќи немам многу време, така што, дури и да сакаше да се сретнеме ќе немав време за таква средба, бидејќи треба да се сретнеме со главните играчи на политичката сцена, рече Билт.

Претседателот на ДУИ Ахмети посочи дека средбата била интересна поради големото искуство на Карл Билт со земјите од Западен Балкан и менаџирање на состојбите во Босна и Херцеговина, Косово како и во Македонија.

– Сега меѓунардоната заедница е заинтересирана да и се помогне на Македонија за излез од политичката криза. Јас ги информирав дека ДУИ ги направи сите свои обврски околу формирање на новото мнозинство, дека сме ја дале нашата подршка и правиме напори да се надмине оваа криза, но, секако дека е потребно олеснување на процесот од страна на нашите пријатели. Ќе видиме како и дали ќе рефлектираат страните во овој процес, меѓутоа главната политичка одговорност паѓа на големите македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие да се надминат себеси и да го стават интересот на државата. Не гледаме дека предвремените избори се решение за состојбата, изјави Ахмети.

Во однос на информациите дека СДСМ имал намера да свика седница на Парламентот пред празниците, а од ДУИ одбиле Ахмети посочи дека тоа се шпекулации бидејќи, како што рече, Собранието функционирало, а и имало согласност тоа да не работи пет денови, и со работа да продолжи денеска.

На прашањето дали ДУИ би прифатиле седница на Собранието свикана од СДСМ за да се помине на точка за избор на претседател на Собранието без ВМРО ДПМНЕ, Ахмети рече дека сите треба разумно да се однесуваат во оваа состојба.

– За сите чекори што ќе водат кон конституирање на Собранието согласно Уставот и законите ние ќе учествуваме. Во моментот нема некоја комуникација помеѓу лидерите на партиите за свикување на некоја лидерска средба, рече по средбата Ахмети.

Би можело да ве интересира

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ

Заев, Ковачевски и Ахмети на иста маса-СДСМ го зајакнува Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Ахмети: Денеска е важен ден, денот на Скендербег, денот на генералот над генералите на ослободителното движење на Албанците