СРД: Институциите и партиите да го почитуват правото на новинарите за известување

Од:

Сите институции и политички субјекти да им овозможат на претставниците на медиумите непречено извршување на нивните професионални задачи, побара денеска Советот за радиодифузија преку соопштение огласувајќи се за неодамнешните случувања во Собранието и отстранувањето на новинарите од галериската сала за известување.

Според СРД, програмите на медиумите треба да бидат отворени за различни политички мислења и гледишта, а настаните прикажувани објективно и непристрасно.

– Ги повикуваме медиумите да известуваат професионално и да овозможат слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања, во интерес на унапредување на демократските процеси во државата, се вели во соопштението од СРД.

Советот за радиодифузија воедно истакнува дека се залага за слобода на изразување и за право на слободен прием и пренесување на информации, поради што, според соопштението, уште еднаш ги упатува институциите и политичките субјекти на нивната обврска за јавност и транспарентност во работењето и ги повикува да го почитуваат правото на новинарите да ги извршуваат своите професионални обврски.

Би можело да ве интересира

Советот за радиодифузија се преименува во Агенција за аудиовизуелни медиумски услуги

Ана Ололовска

СРД бара внимателно известување за случувањата со цар Душан

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Проблематичниот владин анти-абортус спот сега се емитува со „цензурирана од СРД“

Емир Латифовиќ

Казни до 40 илјади евра со измените на Законот за радиодифузија

Ана Ололовска

Со зајакнување на АЕК и СРД до подобра заштита за крајните корисници

Ана Ололовска

4 милиони евра ќе „лапне“ зградата на Совет за радиодифузија

Ана Ололовска