Советотот за радиодифузија денеска ги разгледуваше резултатите од мониторингот на националите медиуми.
Како главни забелешки се наведени насилните содржини и прекувременото рекламирање. Две телевизии кои го прекршиле правилникот ќе добијат писмена опомена додека една ќе добие само укажување поради емитување на програма на македонски јазик помалку отколку што е предвидено со дозволата.
За дел од членовите на советот една од главните забелешки за работењето на медиумите е насилството во турските серии кои се емитуваат во несоодветен термин.