СРД: Сител и МТВ со најмала доверба кај гледачите

Од:

79 проценти од граѓаните секојдневно се информираат од телевизијата, 44 проценти од интернет, 20 проценти од печатот и 8 проценти од радио.

srdTabela3

Дури 59, 1 процент од граѓаните користат интернет во својот дом, при што 65 проценти го користат за пристапување на социјалните мрежи, 57 проценти за информирање за дневни настани.

Ова се резултати од анкетата спроведена од Советот за радиодифузија на 1070 испитаници спроведена во осум географски региони.

На прашањето кога би морале да се откажете од сите медиумски активности која најмногу ќе ви недостига мнозинството одговориле дека е тоа телевизијата, односно 58, 3 проценти, потоа следува интернетот со 28, 2 проценти, 9, 5 проценти од пристапувањето на медиумски содржини преку мобилен телефон, и 2, 4 проценти од радиото.

srdTabela2

Според анкетата граѓаните најмногу на телевизија гледаат вести (84%) и серии(61,8%).Вести и серии гледаат најмногу лица над 60 години и тие со средно образование. Во урбаните средини од информативните програми повеќе се гледа спорт, детска и документарна програма. Повеќе од половината испитаници сметаат дека културните, образовните, детските, документарните, музичките и филмските програми не се доволно застапени на телевизиите, а посточеките не нудат задоволител квалитет.

Дури 27 проценти од испитаниците одговориле дека од странските телевизии најмногу ја гледаат Discovery, односно 26, 4 проценти. 1.Discovery 26,4% 2.Eurosport 16,6% 3.Sport club 14,0 % 4. HRT1 13, 6% 5.DM Sat 10, 9% 6.National geographic 10,4% 7.Fox 9,1% 8. RTS 8,7%.

srdTabela1

На прашањето за објективноста на вестите на ТВ станиците, огромен процент одговориле дека не гледаат телевизија. Сепак најголема доверба испитаниците имаат во вестите на ТВ Телма со 28%, Вести24 со 23%, следуваат Алфа со 18%, Алсат и Канал 5 со 15 %,МТВ со 12% и Сител со 11% доверба, иако оваа телевизија е најгледана. Анкетата е спроведена од 5-11 април оваа година.

Би можело да ве интересира

Советот за радиодифузија се преименува во Агенција за аудиовизуелни медиумски услуги

Ана Ололовска

СРД бара внимателно известување за случувањата со цар Душан

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Проблематичниот владин анти-абортус спот сега се емитува со „цензурирана од СРД“

Емир Латифовиќ

Казни до 40 илјади евра со измените на Законот за радиодифузија

Ана Ололовска

Со зајакнување на АЕК и СРД до подобра заштита за крајните корисници

Ана Ололовска

4 милиони евра ќе „лапне“ зградата на Совет за радиодифузија

Ана Ололовска

2 comments

Trajce 15/09/2013 - 13:12 at 13:12

Ne na vtoro mesto tuku na prvo mesto e telivizijata 24 vesti ne poradi marketingot tuku poradi toa sto 24 vesti gi ima tocnite i proverenite informacii

Reply
goran 15/09/2013 - 15:28 at 15:28

Dali e ova nekoja amaterska anketa i tekst ili jas pogresno ja svakam.

1 kanal na koj najmnogu se gleda vesti e Sitel. Taka stoi vo Tabelaata.
desno stoi deka e na treto mesto sitel so 15,4%
Vie pisuvate deka e na posledno mesto, so najmala doverba.

Jas se prasuvam dali narodot e prost vo Makedonija? ako nekomu ne veruvam ne go ni gledam. Barem taka e po drugite zemji, ili vie od A1 sakate nesto da zamatite?

Reply

Leave a Comment

4 × four =