СРД ќе ги укине ТВ БОМ и К-15 мјузик, ако операторите немаат документи

Од:

Советот за радио-дифузија  на кабелските оператори во Македонија, им наложи до 25 септември да достават валидна докумантација за поседување авторски права за реемитување на телевизиите ТВ БОМ и К-15 мјузик.

Сите оператори на јавни и комуникациски мрежи  оние кои нема да достават договори до  наведениот датум,  од 26 сeпетември ќе мора да ги исклучат двете телевизии.

Ваквиот заклучок го изгласаа сите членови на Советот за радио-дифузија, откако стручните служби констатирале дека носител на правата за емитување на ТВ БОМ и К-15 мјузик е фирмата УБИ и ТАРБС Европа,  која од јуни оваа година веќе не постои, меѓутоа и на овој договор, склучен со СРД, нема потпис и печат.

Стручните служби утврдиле и дека фирмата Satellite community television inc, која тврдеше дека ги поседува правата и е сопственик на телевизиите, емитува 60-70 проценти програма за српската популација во странство, и дел за арапската, но никаде не се споменувало дека ги емитува овие две програми.

СРД истакна дека не ги инетересира кој е сопственик, но доколку не се приложи документ дека имаат авторски права за реемитување , од 26 септември бараат операторите да ги укинат и ТВ БОМ и К-15 мјузик.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми