Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница започна постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТВ Шутел, зашто мониторингот извршен од 25 јуни до 1 јули констатирал драстични отстапувања на програмскиот формат на телевизијата од оној што е утврден во дозволата.
– Целта на овој мониторинг беше да се утврди дали оваа телевизија прави напори за усогласување на програмата со програмските услови од дозволата, по двете претходни укажувања од страна на СРД. Последниот мониторинг покажа дека ТВ Шутел не ги зела предвид забелешките од претходните мониторинзи за намалување на забавните содржини и утврди нивно зголемување на над 91 насто од вкупната програма за сметка на информативните содржини (4,85%) и образовните содржини (3,74%), информира СРД.
Голем дел од емитуваните емисии во продукција на ТВ Шутел, посочува СРД, премиерно се емитувани пред 2012 година, а сега само се репризираат.