ВИДЕО: СРД до вторник ќе испита кој е сопственик на ТВ БОМ

Од:

Советот за радиодифузија одлуката за ТВ БОМ и К-15 мјузик ја одложи за во вторник, додека службите не утврдат кој е сопственик на телевизијата, и кој ги има правата за емитување на програмата.

Според Зоран Трајчевски, претседател на СРД,  како сопственик се јавува фирмата „UBI и TARBS“ со седиште во Сиднеј, Австралија, за која извесен Петар  Николов и  укажал на СРД дека таа групација од јуни оваа година веќе не постои во Австралија и со  ги нема ниту авторските права за територијата на Македонија.

Според Трајчевски, синоќа им стигнало писмо на рака од компанијата „Satellite Community television Inc“, која што тврди дека е сопственик на ТВ  и според него во моментов две компании тврдат дека се сопственици на телевизиите.Трајчевски  рече  дека и параметрите кои биле поставени за  веб сајтот на компанијата воопшто не постои и затоа СРД има даде задача на службите до вторник да испитаат за што точно се работи.

Тој рече дека ако Советот се раководи од постојниот субјект на кој му биле дадени правата за територијата на Македонија, тогаш работата е многу јасна.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on