Советот за радио дифузија на денешната седница, констатираше дека околу 90 проценти од локалните радио и тв станици го подмириле долгот кон Советот. Од 104 медиуми до кои СРД пратил фактури за наплата на годишниот надоместок, обврската ја исполниле 77 радиодифузери.
СРД непланира неплаќачите да ги затвори ниту определија краен рок за намирување на долгот.
Советот донесе одлука телевизиите ПЛЕЈ ТВ и Џангл Нетворк ТВ да бидат ислучени, бидејќи не се регистрирани како радиодифузери. Писмени опомени и беа изречени на Сител Телевизија за две содржини во вестите.
„Констатирано е дека Советот едногласно ги донесе двете мерки за писмено укажување на телевизија Сител“, изјави претседателот на Советот Зоран Трајчевски