СРД: А2 не ја прилагоди програмата

Од:

„Советот за радиодиуфузија на денешната седница констатираше, дека и покрај дадените неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и условите од дозволата, сателитското трговско радиодифузно друштво А2 Телевизија до денеска не ја прилагоди програмата согласно добиената дозвола, по што согласно член 63 од законот, СРД ја одзеде дозволата на ТРД Телевизија А2“, се вели во соопштението од СРД за одземањето на дозволата на А2.

„Последниот мониторинг на програмскиот сервис на ТРД Телевизија А2 покажа дека овој радиодифузер сериозно отстапува од претежно забавниот општ формат, што му е доделен. Наместо најмногу 65% програми што исполнуваат забавна функција, емитува 75,68%, а повеќе од две третини се репризни изданија.

Редовните мониторинзи на програмите на радиодифузерите што ги врши СРД покажаа сериозни остапувања во форматот на Телевизија А2. Во периодот од февруари оваа година, СРД во неколку наврати сериозно и’ укажуваше на Телевизија А2 да се прилагоди кон условите од дозволата и кон Законот за радиодифузната дејност. За оваа цел членовите на СРД и лично го информираа управителот на Телевизија А2, како и стечајниот управник“ – се вели во соопштението од СРД.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on