Србов: Уставниот суд, а не инспекторатот за локална самоуправа треба да одлучува за законитоста

Од:

Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека владата на СДСМ го крши Уставот на Македонија и дека е скандалозна и незаконска одлуката на Државниот инспекторат за локална самоуправа да ги запре решенијата на општините со кои беше одлучено да се организираат референдуми за доселување на мигранти.

– Според член 2 од Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта, освен што ја остваруваат преку демократски избрани претставници, ја остваруваат и директно преку референдум, граѓанска иницијатива и други облици на непосредно изјаснување. Уставот на Република Македонија, Европската повелба за локалната самоуправа на Советот на Европа, како и Законот за локална самоуправана РМ го гарантира правото на локална самоуправа на сите граѓани во земјата. Согласно член 5 од Законот за локална самоуправа, правото на локална самоуправа граѓаните го остваруваат непосредно преку референдум и граѓанска иницијатива. Според член 54 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот, рече Србов.

Тој рече дека Уставот, Европската повелба, како и Законот за локална самоуправа ниту го ограничуваат, нито го забрануваат правото на референдумско изјаснување на граѓаните за прашања што имаат изразено локално значање и за прашања со силно изразен јавен интерес на граѓаните.

– Со оглед на она што го предвидува Уставот и донесената одлука од Државниот инспекторат сметаме дека надлежните во Државниот инспекторат не ја познава својата надлежност и материјата на која работи, ниту надлежноста на Уставниот суд на Република Македонија и поради тоа презема скандалозни чекори и ја блокира волјата на граѓаните со донесување на незаконски акти и делувања. Владата на СДС ја повикуваме својата неукост да ја поткрепи читајќи го Деловникот на Уставниот суд каде пишува дека единствен орган во Република Македонија кој има право да одлучува за незаконитоста на пропис и друг општ акт во време на нивното важење е Уставниот суд, и ниту еден друг орган, па оттаму ниту Државниот инспекторат, вели Србов.

Според него, за законитоста за одредени прашања единствено одлучува Уставниот суд на Република Македонија и оттука инспекторатот нема право да ги запре решенијата на општините или да ја преиспитува нивната законитост.

– Сомневањата на Инспекторатот се дека општините го прекршиле член 20 од Законот за локална самоуправа кога донеле решенија за организирање на локалните референдуми. Токму членот 20 и членот 21 од Законот за локална самоуправа го дава правото на општините да организираат референдуми. Во него стои дека општините, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт. Владата на СДС на чело со Зоран Заев и Мила Царовска излезе со стратегија за трајно населување на мигранти во Македонија кои ќе добијат работно место и стан од државата во услови кога македонската економија се движи во надолна линија заради политиката на новата Влада а започна да расте и невработеноста, рече Србов.

Како што кажа тој, ваквата одлука е показател дека владата на Заев се плаши од мислењето на народот и сака по секоја цена да ја спроведе програмата за масовно доселување на мигранти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија