Србов: Намерата на Заев е во наредниот период да ги купи сите големи фирми низ државата, а вработените да ги остави на улица

Од:

Никола Србов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека фамилијата Заеви ја злоупотребува власта за лично богатење и со матни зделки го шири бизнисот/

– Зоран Заев и неговата криминална банда од ден на ден влегува од скандал во скандал. Олигарсите од Социјалдемократскиот сојуз со овој расипнички начин на владеење имаат јасна цел а тоа е додека се на власт да се збогатат со парите на граѓаните. Со купување на струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, кланот Заеви го зголемија својот имот. Братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев купил една четвртина од вкупната сопственост на „Герас Цунев“, и тоа верувале или не и тоа за цена за само 20.000 евра, рече Србов.

Тој рече дека граѓаните знаат дека со 20 илјади евра не може да се купи ниту карабина од 25м2, а не пак деловни простории и индустриски погони со површина од 1.849м2.

– Со ова Заев јасно ја покажува неговата намера во наредниот период да ги купи сите големи фирми низ државата, а вработените да ги остави на улица. Уште колку вакви сомнителни зделки ќе направи фамилијата на Заеви за да ја прошири својата бизнис империја? ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ги информираше и предупредуваше граѓаните дека доколку Социјалдемократскиот сојуз формира влада, криминалот од Струмица ќе се пресели на територија на целата држава, рече Србов.

Според него тоа што го кажувале се случува во овој момент.

– Зоран Заев ја користи својата сегашна позиција и функција за лично богатење, без да води грижа што ќе се случи кога ќе му заврши мандатот. Но, бидете уверени дека господинот Зоран Заев и сите останати околу него кои водат криминални зделки ќе одговараат кога ќе заврши нивната улога во Владата на Република Македонија, заврши Србов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче