Србија донира 100.000 евра помош за поплавите во Македонија и Албанија

Од:

Владата на Србија одобри вкупно 12.290.000 динари, околу 100.000 евра, како еднократна помош за Македонија и за Албанија поради катастрофалните поплави што на почетокот на февруари годинава ги погодија двете земји, јави Танјуг.

Средствата во вредност од по 6.145.000 динари, како донација на странски влади, се обезбедени од буџетските резерви на Србија.

Одлуката за еднократна помош за Македонија и за Албанија е донесена на 8 февруари на седница на Владата на Србија, на предлог на премиерот Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски