Срамната аболиција – тема на средбата меѓу Горан Милевски и Марк Руте, премиер на Холандија

Од:

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, во Леуварден, Холандија оствари средба со премиерот на Кралството Холандија, Марк Руте.

Милевски лично го запознал премиерот на Холандија со актуелната состојба во Македонија, политичката и општествена криза која ја продуцира партијата на власт и напорите на опозицијата да се воспостави повторно владеење на правото и враќање на демократијата во државата.
Премиерот на Холандија, г-динот Руте пак, разговараше подетално со лидерот на ЛДП, Милевски, за ставовите на неговата земја и на земјите членки на Европската унија поврзани со разрешувањето на политичката кризата во Македонија.
Горан Милевски - Марк Руте (1)
Двајцата ја поздравија одлуката за одложување на изборите и продолжување на реформите во државата со импленетирање на точките зацртани во Договорот од Пржино.

Милевски се заблагодари за поддршката што Холандија и останатите земји-членки на Европската унија им ја даваат на граѓаните на Република Македонија во нивната борба за повлекување на срамната аболиција.

Пријателска Холандија и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите во Македонија, беа констатациите и на останатите претставници со кои се сретна делегацијата на ЛДП.

Покрај средбата со премиерот Марк Руте, во рамки на конгресот на владеачката либерална партија ВВД, Милевски оствари средби и со пратениците во Холандскиот парламент задолжени за надворешна политика и Европски прашања, Хан тен Броеке и Ен Мулдер, како и со министерот за безбедност и правда, Ард ван дер Стеур.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори