Спречено криумчарење на лекови и текстил кај Долно Блаце

Од:

Во близина на местото Плажа, Долно Блаце, вчера околу 20:00 часот вршејќи патролна служба припадници на граничната полиција забележале едно лице со натоварени два коња со криумчарена стока како се движи во правец од Република Македонија кон Република Косово.

При обид на полициските службеници да го запрат, лицето ги оставило коњите и почнало да бега во правец на Косово.

Криумчарената стока, како што соопшти МВР, била донесени во полоциската станица за ГН Блаце и утврдено е дека се работи за разновиден текстил и медикаменти од кои палта, панталони, кошули, вратоврски, потоа ампули кетонал, хигиа шампон, аминофилин ретард, трамадол, ефедрин капки за нос, синтром антикоагулант, ацикловир маст, флажил, халдол таблети, далерон, нутрикомп течност, како и еден апарат за сечење стакло за диоптрија и сталажи за изложување на накит.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на инволвираните лица.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи