Спречен шверц на 55 килограми марихуана на албанско-македонската граница

Од:

Албанската полиција, спречи шверц на 55 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на македонска територија.

Дрогата била траспортирана со добиток преку зелениот граничен појас кај селото Рајце на албанско-македонската граница кај Струга.

-Лицата А.Б.(47) и И.Б.(22), двајцата жители на селото Сутај, општина Прењас, беа уапсени синоќа во 21:30 часот при обид на шверц на 55 килограми мархуана. Дрогата требало да ја прошверцуваат во Северна Република Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Елбасан.

Се додава дека во соработка со македонските колеги се работи на идетификација и на други лица вмешани во шверцот.

Случајот е под надлежност на Обвинителството и Судот во Елбасан, а уапсените ќе одговараат за „недозволена трговија со наркотични средства“.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он