Спортско-качувачки насоки и сидришта на качувачките локалитети кај Матка, Маврово и Кадина

Од:

На качувачките локалитети кај Матка, Маврово и Кадина во близина на Скопје поставени се оклинчени спортско-качувачки насоки и сидришта, кои се обележани и лесно достапни за секого, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Агенцијата во соработка со Македонската спортско качувачка федерација, со цел промовирање на авантуристичкиот туризам во земјава, промовираше и спортско качувачки водич во кој се опфатени атрактивни качувачки локалитети во Македонија и обезбедени се прецизни и точни информации за локалитетите, карпите, безбедноста, условите, качувачката сезона и потребната дополнителна опрема за практикување на овој спорт.

Според директорот на Агенцијата Александар Донев, туристичките трендови се во прилог на Македонија и на регионот.

– Туристите кои практикуваат авантуристички туризам се почитувани патувачи и се многу повредни за лакалната економија. Важен е податокот дека 74 проценти од финансиските средства кои ги трошат остануваат кај локалното население, за разлика од меинстрим туристите кои патуваат организирано, изјави Донев.

Спортското качување во Македонија има пократка историја, но според спортските качувачи од земјава качувачките карпи во Македонија заслужуваат епитет на светски места за спортско качување.

Би можело да ве интересира

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот околу Мавровско езеро е нормализиран, уверува СВР Тетово, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

Катерина Ѓуровски

Огромна колона возила со часови заглавена кај Маврово

Катерина Ѓуровски

Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Горан Наумовски