Според „Граѓанско општество“ СДСМ и Бранко виновни за загадениот воздух во Скопје

Од:

Конечно се „откри“ загадувачот на Скопје. Според Граѓанската иницијатива „Граѓанско општество“, за која денеска прв пат се слушна, СДСМ, опозицијата и колоната возила кои од неделата крстосуваат низ Скопје, во знак на отпор против власта, го загадуваат воздухот.
„Наместо да демонстрираат технолошка свест СДСМ демонстрира загадување на главниот град“, велат од иницијативата.

„Урбано општество“ своето незадоволство од застојот и загадувањето на градот кое според нив со возилата го прави опозицијата го изразија со возење велосипеди.

„Затоа ги повикуваме во иднина да се свестат, тие да го следат нашиот пример и да ни се придружат во нашиот еко-марш, бидејќи ние децата на Скопје, возрасните и пензионерите немаме резервни бели дробови“,велат од граѓанската иницијатива „Урбано општество“.

Иницијативата „Граѓанско општество“ досега ниту еднаш не реагираше на информациите за загаденоста на Скопје, кои достигнуваат во изминатиот период , параметри, многу над дозволените. Не реагираа ниту на податокот дека веќе не функционира укинувањето на инструментите кои на скопјани им покажуваа каква е загаденоста и каков воздух дишат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните