СПМ: Отворањето на прашањето за името е на штета на државата

Од:

Социјалистичката партија на Македонија денеска преку соопштение го повтори ставот за непроменливост на уставното име на Република Македонија.

Во соопштението, СПМ искажува загриженост од, како што се вели, леснотијата со која се отвора ова прашање од страна на политичките фактори кои во овој момент ја имаат одговорноста за носење одлуки.

– Напоменуваме дека е потребно тие да го имаат и чувството за историската, државната и национална одговорност, особено за прашањата кои на најнепосреден начин задираат во самата суштина на постоење на македонскиот народ и македонската држава. Никој по ниту една основа нема стекнато право, ниту за тоа има каква било согласност и не смее да ги отвара овие прашања, затоа што тие се веќе одамна апсолвирани, се вели во соопштението.

СПМ смета дека зачленувањето во НАТО треба да биде исклучиво под уставното име, а и преговорите за членство во Европската унија да се одвиваат под уставното име.

– Во услови кога држави основачи и членки на Европската Унија ја напуштаат и се откажуваат од членството, со што се создава нова перцепција за нејзината иднина, неприфатливо е поттикнувањето и неразумната подготвеност од одредени домашни политички кругови за отварање на процесот за премостување на наметнатиот спор со уставното име на Република Македонија, велат од СПМ.

Оттаму оценуваат дека какво било отворање на ова прашање би било на штета на државата, македонскиот народ, јазикот, историјата и културата.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

СПМ со осуда за притисоци, вознемирување, мобинг на нивните колеги, полициски службеник од Куманово ја напуштил државата

Ана Ололовска

Синдикатот на полицијата ги повикува и другите два полициски синдиката на заедничка борба во заштита на правата на вработените во МВР

Ана Ололовска

Синдикат на Полиција во Македонија: Да се прекине со попречување на активностите и обврските на СПМ

Ана Ололовска

СПМ бара покачување на платите во полицијата

Ана Ололовска