„Социјалистичката партија на Македонија ја проследи дискусијата на заменик петседателот на владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во македонското Собрание. Зачудува што на расправа за Извештајот од Европската комисија за напредокот на земјата во 2022 година, Маричиќ настојува да ја прикаже власта како успешна во евроинтеграциските процеси, иако фактите не го потврдуваат тоа, ниту тој има противаргументи и како што се покажа уште помалку и капацитет“, велат од СПМ.
„СПМ оценува дека Извештајот е најнеповолен во однос на другите години со оглед дека државата Македонија е оценета со заостанување во бројни области и не се движи напред со остварените резултати па оттаму за небулозни може да се сметаат зборовите на заменикот премиер.
Не е прв пат Маричиќ со неразбирлив арогантен однос кон пратениците бара тие да се однесуваат како што тој мисли и да ги поддржат сите одлуки и политики што ги предлага власта иако некои се спротивни на интересите на Македонија.
Маричиќ несоодветно, грубо и глупаво го прекршува Деловникот на Собранието навредувајќи ги пратениците и барајќи од нив како да се однесуваат и да не го критикуваат неговото негативно работење и неуспесите на власта.
Инсистирањето од власта за уставни измени што таа ги прифатила под бугарско влијание е неприфатливо за пратениците на кои насилникот Маричиќ непромислено им се обраќа и бара тие да го сменат својот став.
Власта нема мандат да го менува Уставот и оттаму се насилничките однесувања, со закани и уцени сака да ја оствари задачата што ја превзела, а нема можности ниту способност за тоа. По кој знае кој пат, социјалдемократијата во вистинско светло, превртлива, лицемерна и насилничка го покажува своето лице.
Социјалистичката партија на Македонија повторува дека излез од вакви несоодветни однесувања е смена на власта преку избори со кои ќе се одберат лица кои се национално определени и кои знаат како да се борат за интересите на државата која ја претставуваат и да ги почитуваат народните избраници“, се наведува во соопштението на СПМ.