Спасовски: Здравствените работници да ја носат заштитната опрема, донаторите да се насочат кон потребите на здравствениот систем

Од:

Сите здравствени работници да ја носат опремата, да се заштитат себеси и сите околу себе. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги интензивира контролите за почитување на мерките од страна на здравствени работници, апелира премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил на кој наведува дека на Главниот координативен кризен штаб денеска, меѓу другото, е разговарано за заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за нивна максимална заштита.

-Нашите здравствени работници деноноќно работат на заштита на нашите граѓани. Тие се на првата линија во борбата со коронавирусот. Нивната заштита е приоритет. Министерството за здравство од почетокот на кризата воведе протоколи за заштита за здравствените работници, тоа се протоколите за заштита во 3 степени со детални објаснувања до сите јавни здравствени установи во земјата, и истите знаат дека мора да постапуваат по нив, пишува Спасовски.

Им препорачува на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани.

-Ова е и повик до сите наши граѓани: Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници. Да им помогнеме за да бидат во состојба да ни помогнат нам со почитување на мерките и препораките што доаѓаат токму од нив, наведува Спасовски во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ

Спасовски: Имаме победничка програма за европска, стабилна, сигурна и безбедна Македонија

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави