Спасовски: За само две и пол години започната изградбата на два круцијални објекти за МВР

Од:

„За само две и пол години успеавме да отпочнемe со градба на два круцијални објекти за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и тоа :-ИКТ Центарот за складирање и заштита на податоците, за опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет во работата во Прилеп и нов објект наменет за Одделот за криминалистичко технички испитувања и вешташења со современа форензичка лабораторија на МВР во Скопје“, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Министерот изрази голема благодарност за безрезервната поддршка на нашите пријатели од ЕУ и од Европската Комисија, без чија што помош, како што вели, не ќе можеле толку брзо и темелно да ги спроведат овие големи и значајни проекти.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он