Спасовски во Студеничани: Парите ќе ги вратат до последен денар

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски денеска беше во посета на општина Студеничани и околните села.

Во Елово жителите се пожалија дека патната инфаструктура е во лоша состојба, врнежите го отежнуваат преминот по улиците во овие населени места.

-Во 21 век немаме асални патишта, а живеачката е под прагот на достоинството, рече еден од жителите.

Патишта се само дел од елементарните потреби на граѓаните на што власта на Груевски целосно заборави. Ако се фокусираше власта на Груевски на изградба и обнова на патната мрежа наместо да троши 630 милиони за проектот Скопје 2014 состојбата со патиштата немаше да биде ваква катастрофа, рече Спасовски.

Учениците во училиштето немаат греење, наставниците немаат основни услови за работа. Моментално се префрлени во старото училиште кое е целосно руинирано. Учениците одбиваат да одат на училиште само поради лошите услови. Тендерите на општината за реконструкција на училиштето завршија на нечии сметки, револтирано зборуваа граѓаните.

Погубните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со коишто се штитат бизнисите на фамилијата на власт се причината за сите овие проблеми со коишто се соочувате, рече Спасовски и додаде дека над 5 милијарди евра се изнесени од Македонија во последните 10 години.

-Со овие пари може да се подобри општественото живеење за сите граѓани во Македонија. Но, доаѓа време кога парите ќе ги вратат до последен денар, назад кон граѓаните. Се ближи крајот на ненародното владеење, рече Спасовски.

DSC_0286

DSC_0293

DSC_0287

DSC_0283

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ