ВИДЕО: Спасовски во посета на Валандово, безбедносната состојба оценета како стабилна

Од:

Безбедносната состојба во Валандово е стабилна и поволна, како впрочем и на целата територија на државата. Имаме подобрување на безбедноста, а тоа го кажуваат и граѓаните. На последната анкета на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на полициската станица во Валандово.

Со раководството и вработените во полициската станица, Спасовски разговараше за прашања што ја тангираат нивната работа, како и за условите за работа на полициските службеници.

– Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници, се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна – само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник. Оттаму, реализираните активности за набавка на униформи за полициските службеници, проектот за санација и реконструкција на објектите во кои тие работат и ги извршуваат своите работни задачи и кој продолжува и оваа година, како и зголемувањето на платите на униформираните полициски службници, се само дел од базичните предуслови кои треба да не донесат до посакуваната цел – професионална, функционална и ефикасна полиција како сервис на граѓаните, рече Спасовски.

За годинава се предвидени 70 милиони денари за реновирање на полициските станици, а меѓу нив е и полициската станица во Валандово, додека за набавка на нови униформи оланирани се околу 200 милиони денари. Најавено е зголемување за пет проценти.

Спасовски се сретна и со градоначалникот Перо Костадинов со кого заеднички констатираа дека соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа е одлична.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари