Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица

Од:

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска со граѓаните на Желино беше Оливер Спасовски.

Имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат, од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа во македонското Собрание можеме да станеме земја-членка на ЕУ до 2030 година. Имаме одговорност пред иднинте генерации, рече Спасовски.

Спасовски нагласи дека сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица и тоа мора да му го соопштат на народот, сега не е време за бегање од одговори, менување на ставовите и ширење невистини и шпекулации.

-На овој народ му е потребна европската иднина, нашите млади заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ, со сите европски придобивки и вредности, да не мора да одат во други држави за да живеат во ЕУ, како што тоа го прават во изминатите 30 години, порача Спасовски во Желино.

Рамо до рамо со граѓаните на Тетово беа Филип Николовски и Милена Стевановиќ, кои се осврнаа на економските политики на СДСМ.

-Економските политики на СДСМ даваат резултати. Успешно се справивме со последиците на две големи кризи кои го потресоа целиот свет, пандемијата и светската економска и енергетска криза. Покажавме вистинска грижа за сите граѓани, ја покачивме минималната плата на 20.175 денари, за пет години ги покачивме пензиите за 44 отсто, а истовремено создадовме поволна бизнис клима во државата која привлече рекордни странски инвестиции од над 750 милиони евра, истакна Николовски, во Тетово.

Борче Хаџиев пред граѓаните на општина Маврово и Ростуше истакна дека се прават последните анализи од јули оваа година, граѓаните да може повторно да имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми