Спасовски вети повисоки плати и пензии со новата македонска развојна економија

Од:
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, синоќа на средба со жители на општината Ѓорче Петров сподели охрабрувања дека државата е на правиот пат и треба да продолжи да се развива.
Пораките на средбата беа дека  државата е осигурана и македонскиот јазик и идентитет признаени од светот, со што се остварени вековните стремежи и се создадени услови за напредок.
„ НАТО членството и интеграциите во ЕУ се придонес на нашите генерации во идентитетското и државното запишување во светската карта на држави и народи. Сега се создадени услови за напредок, тоа е брзата развојна македонска економија за којашто зборуваме, со цел повисоки плати и пензии, нови вработувања, социјална грижа за сите, со цел и да ги мотивираме младите да живеат и создаваат во родната земја, а сите граѓаните тука да ја гледаат својата иднина. Тоа е патриотизам на дело“, рече Спасовски на средбата со граѓани во Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он

Спасовски: Годинешниот просек говори за вкупно намалување на криминалот за осум проценти