Спасовски: Треба да се обнови и зајакне врската меѓу граѓаните и полицијата

Од:

Под мотото „Полицијата за граѓаните“ МВР го започна одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција со тактичко-показна вежба на припадниците од Единицата за специјални задачи која во три различни ситуации ги демонстрираа тактичко-техничките способности во касарната „Ѓорче Петров“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека оваа тактичко-показна вежба е еден од начините како да се доближи полицијата до македонските граѓани.

– Врската меѓу граѓаните и македонската полиција треба да се зајакне и да се обнови за сите да бидеме побезбедни и вклучени во системот за безбедност, рече Спасовски.

Студентите од Факултетот за безбедност, Институтот за одбрана и мир, ученици од Центарот за обука, градоначалници, министри…, на полигонот пред касарната имаа можност да ја видат подготвеноста на најелитните единици за специјални задачи кои демонстрираа справување со толпа која го нарушува јавниот ред и мир, како и сопирање и откривање на возило во движење со вооружени лица.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на исплатата на 13-та плата на полицајците, министерот Спасовски рече дека се работи на обработка на податоците за да се утврди точната бројка на луѓе што ги исполнуваат условите за повеќе од 150 часа и дека во континуитет се работи за пополнување на местата каде недостасува полициски кадар за да не се појави проблем содополнително ангажирање на вработените во МВР.

Министерот беше прашан и дали ќе покани некого од поранешните министри и директори од претходната влада на одбележувањето на Денот на полицијата, при што одговори дека ќе му биде мило дел од претходените структури кои направиле добро за македонската полиција да присуствуваат на манифестациите. Според Спасовски, има дел и од поранешните функционери кои ќе се чувствуваат непријатно да присуствуваат во системот во кој придеонеле да биде урнат.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он