Спасовски – Тигањ: Силна поддршка од Хрватска за интеграциите во НАТО и ЕУ

Од:

Премиерот Оливер Спасовски имаше средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на која, како што соопшти владината прес-служба, е изразена силна поддршка од Хрватска за реализација на полноправното членство на нашата земја во НАТО и за заслужениот исчекор во европските интеграции.

– Соопштен е јасно ставот на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска, којашто од овој месец го презеде претседавањето со ЕУ, дека Хрватска ќе настојува и за успех на нашата држава во европските интеграции, по затворањето на сите важни и суштински прашања во делот на реформите и добрососедските односи и успехот во НАТО интеграциите. На состанокот е поздравена посветеноста на премиерот Спасовски и на Владата кон реформите, дијалогот, добрососедските односи и во овој клучен период за интеграциските процеси на државата и е изразена надеж дека сите политички субјекти ќе ги имаат во фокус првенствено интересите на државата, соопшти прес-службата.

Заеднички е констатирано дека е добро сите да придонесат во донесување на законот за јавно обвинителство кој мора да обезбеди гаранции за ослободување на обвинителството од политички притисоци и овозможување кривични гонења согласно закон, со што ќе се покаже дека секој во државата е еднаков пред законите.

Премиерот Спасовски се заблагодари на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска за континуираната поддршка на напредокот на нашата држава.

– Цврсто сме определени да даваме натамошни аргументи дека нашето место е во НАТО и во ЕУ. Затоа и јас како премиер и Владата работиме на континуитет на реформските процеси, на дијалогот, на добрите односи меѓу заедниците дома, на добрите односи со соседите и настојуваме ваквиот позитивен пристап на изнаоѓање решенија да го поттикнеме кај сите политички субјекти во државата. Заслужено очекуваме напредок во евроинтеграциите, рече премиерот Спасовски.

На средбата е оценето и дека широката политичка поддршка во Парламентот и за ратификацијата на протоколот за НАТО и за Протоколот за НАТО и за Изборниот законик, кој треба да ги имплементира забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, вклучувајќи ја и можноста за донесување на Законот за јавното обвинителство, како и организирањето и спроведувањето фер избори, ќе бидат дополнителни аргументи за зрелоста на политичките субјекти и за демократските капацитети на државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари