Спасовски: Современ, регионален пристап, заедничка стратегија и конкретни мерки за делување во справувањето со новите безбедносни предизвици

Од:

Заедничките евроатлански вредности претставуваат основен сегмент и суштински двигател на меѓусебно приближување на државите од балканскиот регион и надминување на сите бариери, од кои дел беа проследени со конфликти и несогласувања во минатото. Балканското „буре барут“, како што многумина го нарекуваа, мора да остане во историјата, а сите земји во регионот посветено да се сосредоточиме кон заедничките вредности и цели насочени на превенирање на конфликтите, одржување на мирот и стабилноста, владеење на правото без исклучок со почитување на меѓународното право, заштита на човековите права и слободи и мирно решавање на сите спорови и недоразбирања, за што последниов период Република Северна Македонија претставува вистински пример. Само така можеме да обезбедиме гаранција за просперитетот, одржливоста и стабилноста на државите.

Тоа го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во видео-обраќањето пред учесниците на 11-тата по ред Меѓународна научна конференција „Евроатланските вредности на Балканот“ што во организација на Факултетот за безбедност од Скопје и германската Фондација „Ханс Зајдел“ од денеска се одржува во Охрид.

Според Спасовски паралелно со посочените процеси државите од регионот се исправени со предизвици како организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и секако, насилниот екстремизам и тероризам, пандемијата „Ковид-19.

– За справување со овие современи предизвици е неопходен современ, регионален пристап, заедничка стратегија и конкретни мерки за делување, рече тој.

Како дел од активностите за зајакнување на капацитетите на државата во справување со предизвиците тој посочи на спроведените реформи, како реализација на препораките од групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите, усвојувањето на предложениот модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање беше одделена од МВР, донесувањето на новиот Закон за Агенцијата за национална безбедност, …

– На тој начин ги надминавме и констатираните недоследности кои беа утврдени во претходните извештаи на Европската комисија за нашата држава. Во исто време работевме на изготвување на уште едно законскко решение за координација на безбедносно разузнавачката заедница, со цел да се уреди поставеноста и надлежноста помеѓу безбедносно разузнавачките служби.

Според министерот Спасовски, безбедносниот систем е основа на функционирање на правната држава, а сите овие спроведени реформи гарантираат заштита и унапредување на човековите права, заштита на демократијата и стабилноста на системот.

– Тој систем денес функционира, со него функционира и правната држава, а со неа и демократијата. Првата стратешка цел – интеграцијата во НАТО – ја остваривме. Продолжуваме со несмален интензитет, посветена и одговорна работа и реализација на сите активности кон остварувањето на втората стратешка цел на државата – членството во ЕУ, односно европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечиј придонес е важен, очекуван, потребен и суштински, рече Спасовски.

На научната конференција во Охрид што овојпат се одржува во услови на епидемија на коронавирусот експерти од државите во регионот и пошироко со непосредно присуство и по пат на видео-линкови ќе дискутираат за новите безбедносни предизвици и асиметрични закани, безбедноста помеѓу стратегиите и црвените линии на Балканот, потоа за заканите и отворените прашања на Балканот како нови предизвици за безбедноста, современи форми на криминал како глобална закана, зајакнување на капацитетот на малите држави и капацитетите за борба против корупцијата и организираниот криминал.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ