Спасовски: Со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам Светиот Оган во нашата татковина

Од:

Годинава имам посебна чест да предводам државна и црковна делегација на Република Северна Македонија, на чинот на преземање на Благодатниот Оган, и по милоста Божја, со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам во нашата татковина, за верниот македонски народ да биде озарен од зраците на Светата Светлина, со најголемата тајна на Воскресението – победата над смртта!, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Илјадници лета низ историјата, пишува Спасовски, Светиот Оган секоја година, во пресрет на православниот Велигден, се пали во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб, во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово. Постои верување дека Светиот Оган за првпат се појавил на 5 април во 33 г.н.е, точно во времето на Воскресението Христово.

– Денеска Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е исполнета со илјадници православни верници, кои Благодатниот Оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат дома, напиша Спасовски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати