Спасовски со честитка за Водици: Нека длабоките вредности на христијанството бидат водич во секојдневниот живот

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

– На овој ден кога водата станува симбол на чистота и обнова, нека се разлие благосостојба во секое семејство и дом и нека ни биде потсетник за обновување на нашата вера и духовно просветлување.
Водици е празник на длабоките вредности на христијанството – љубовта, милоста и прошката. Нека оваа светла порака биде водич во нашиот секојдневен живот, поттикнувајќи нè на дела на добрина и соживот, пишува Спасовски во честитката објавена на Фејсбук.

Спасовски заедно со премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и на чинот на положување на светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар