Спасовски: Случајот „Рекет“ мора да биде истражен до крај

Од:

Сите службени информации кои се добиени за случајот „Рекет“ се споделени и дадени во Јавното обвинителство, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали бил информиран од директорот на УБК дека Орце Камчев преку неговата сопруга го информирал за рекетот што го трпи од Боки 13 и кој е неговиот коментар за обвинувањата од опозицијата дека крие информации за овој случај.

– Случајот мора да биде истражен до крај и секој еден којшто е одговорен во случајот „Рекет“ или во кој било друг случај што ќе значи криминална активност, ќе мора да сноси одговорност. Опозицијата има таква функција постојано да критикува, изнесува свои ставови и тука нема замерки во однос на демократијата. Меѓутоа, јас апсолутно сметам дека институциите на системот мора да функционираат и Министерството за внатрешни работи и Владата покажаа искрена волја во справувањето со сите криминални дејанија кои, пред се, се поврзани со овој случај, рече Сапсовски одговарајќи на новинарски прашања по отворање градинка во Штип.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог