Спасовски-Северино: С. Македонија на добар пат во справувањето со криминалот, новиот Закон за јавно обивнителство е придонес кон тој процес

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Паола Северинo, специјалната претставничка на претседателството на ОБСЕ за борба против корупцијата.

На средбата е констатирана определбата на нашата држава за борба против криминалот и корупцијата, од суштинско значење за владеењето на правото и како значаен фактор за економскиот развој. Нагласени се како важни превентивните мерки против криминалот, корупцијата и создавањето успешен систем за справување. Посочено е на успешна работа на регулаторните тела и на значајноста на Законот за јавно обвинителство, што треба да овозможи професионален правосуден систем и неселективност на правдата. Поради сето ова, оценето е дека Република Северна Македонија е на добар пат за справување со криминалот и корупцијата во земјата и на регионален и меѓународен план.

– Сериозно јакнат капацитетите на нашата држава за справување со криминалот и корупцијата. Преземаме, од 2017 година, активни системски мерки. Еден од тие заштитни, контролни механизми се обезбедените услови за независна и професионална работа на Државата комисија за спречување на корупцијата. Ја усвоивме, на 17 јануари оваа година, Националната стратегија за борба против криминалот и корупцијата. Во финална фаза е носењето на Законот за јавно обвинителство, којшто е веќе утврден од Владата. Подигната е јавната свест за ова прашање низ владеењето на правото, намалувањето на дискриминацијата, јакнењето на социјалната кохезија, овозможената слобода на изразување и работа на цивилниот сектор, демократската конртола врз работата на институциите, коишто работат транспарентно. Усвојуваме закони и мерки согласно регионалните и европските регулативи, затоа што ефикасното справување со криминалот и корупцијата е возможно само низ унифицирани и координирани активности, рече премиерот Спасовски.

На средбата е констатирано дека транспарентноста на институциите во справувањето со криминалот и корупцијата води кон повисока перцепција за криминалот и корупцијата, што е веќе нотирано од ОБСЕ. Посебно е нагласена потребната компетентност на лицата кои работат на овие прашања, како што се судиите и обвинителите.

На состанокот се разговараше и за сајбер криминалот како предизвик на денешното време, за сите држави во светот, заедно со тероризмот и миграцијата.

Премиерот Спасовски се заблагодари на специјалната претставничка Северино и на ОБСЕ како организација, за континуираната поддршка на нашата држава и придонесот во владеењето на правото и реформите во државава низ експертските и правните совети.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски